Кој лаже: Силјановска тврди дека Стево откажал дебата, Пендаровски вели немало закажана дебата

by fokus

Двајцата претседателски кандидати кои ќе се соочат во вториот круг од изборите, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија на Твитер. Прво, Силјановска напиша твит во кој го обвини Пендаровски дека откажал гостување на дебата на Телма.

-Навистина жалам што Стево ја откажа за дебатата планирана за денес на Телма. А, можеше да научи нешто за ЕУ, напиша Силјановска.

На ова Пендаровски одговори дека Силјановска повторно лаже и дека не ни имало закажана дебата.

-Професорке, повторно се служите со невистини. Но сега барам од Телма да ве демантира. Дебата не била закажана. Ваквите невистини нема да ве искупат за вашето реално бегање од најавената дебата на Жешко столче, возврати Пендаровски.

Од телевизија Телма најавија дека објаснување на целата ситуација ќе дадат вечерва на почетокот на Топ тема.

Поврзани новости