686
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изјава за бугарската телевизија БТВ говореше за сообраќајната незгода, а се наврати и за тубите со бензин кои беа споменати во медиумите.
„Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата“, рече Спасовски.