Шпаркасе Банка Македонија е првата банка во земјата со верифицирана Facebook страница

by fokus 15:13
15:13

Шпаркасе Банка Македонија станува првата банка во Република Северна Македонија со верифицирана Facebook страница. Оваа верификација на Шпаркасе Банка Македонија и ја додели Facebook како резултат на често пребарувана и добро позната бизнис страница.

Визуелно, верификацијата ја разликува страницата од останатите страници по малиот знак на заверка со кој Facebook потврдува дека страницата е автентична, односно припаѓа на одредена компанија. Истовремено, тоа влева дополнителна доверба во пласираната содржина која ги следи тековните интереси на фановите, навремено информирајќи ги за сите услуги и производи на Банката.

- Advertisements -

Верификацијата претставува уште една потврда за успешното работење на Банката која во фокусот секогаш ги има своите клиенти и фанови.
За повеќе информации сите заинтересирани можат да ја посетат Facebook страницата https://www.facebook.com/SparkasseBankMakedonija и да се запознаат со нејзината содржина.

ПР

Поврзани новости