За 24 часа починале 22-ца зарзени со Ковод-19

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 129 заразени со Ковид-19, но и 22-ца починати пациенти.

-Починати се 22 пациенти од кои тројца од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

Поврзани новости