622
И покрај прекинот на сите активности, шпанскиот Сентат закажа седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Ова го објави министерот Никола Димитров.
-И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО!, напиша Димитров.