Шпанскиот сенат денеска ќе гласа за членството на Македонија во НАТО

by fokus

За денеска е закажана специјалната пленарна седница на шпанскиот Сенат на кој ќе се гласа за ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по што земјата наскоро ќе стане официјална членка на Алијансата.

Сенаторите ќе гласаат конференциски за Македонија да станe полноправна НАТО членка и за прв пат во историјата тоа ќе биде овозможено преку систем на електронско гласање преку компјутерска мрежа. Тие ќе гласаат од дома и нема да бидат физички присутни во Сенатот.

Македонија ќе биде единствена точка на дневен ред, а Сенататот поради ситуацијата со корона вирусот е затворен веќе една недела. Ваквиот потег следува со цел да не се губи дополнително време за официјалниот прием на земјата во НАТО.

Со оваа ратификација завршува процедурата за македонското членство во Алијансата, а церемонијата на која ќе се одбележи полноправното членство ќе биде на почетокот на април, иако не се очекуваат свечености и собири поради новонастанатата ситуација со пандемијата.

Поврзани новости