410
Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра.
Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица. Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо и Валенсија, каде што осомничените го складирале најголемиот дел од својата стока.