Шпанија: На чекор до легализирање на евтаназијата

by Fokus

Законот за евтаназија синоќа ја помина првата пречка во шпанскиот Парламент и покрај тоа што се спротивставија од Католичката црква и десницата. Тоа претставува голема победа за владејачките социјалисти кои го ветија законот пред две години.

Претседателката на Парламентот, Мериткесел Батет изјави дека сега се разгледува планот за прифаќање на законот. Текстот на законот сега ќе се дискутира, а пшотоа следува изјаснување што ќе трае со месеци.

– Шпанија презеде одлучувачки чекор во прилог на признавање на правото на достоинствена смрт, напиша социјалистичкиот премиер Педро Санчез на Твитер.

Ова е третпат од 2018 година социјалистите да го достават тој предлог-закон.

Текстот на законот предвидува дека лицето кое страда од сериозно, неизлечиво заболување, може да добие помош да умре доколку тоа го побара, за да избегне неподносливо страдање.

Молбата мора да биде напишана и повторена 15 дена подоцна, и ќе треба да ја прифатат двајца доктори и да ја разгледаат во лекарската комора.

Право на приговор на совеста е предвидено за здравствените работници кои одбиваат да учествуваат во евтаназија.

Поврзани новости