Шпанија ќе прогласи десетдневна жалост

by Fokus

Шпанската влада ќе прогласи десетдневна жалост и ќе им оддаде почит на луѓето кои ја изгубија битката со корона вирусот.

„Од вторник, владата ќе прогласи жалост на целата територија на Шпанија, како сеќавање на сите жртви на пандемијата. Жалоста ќе трае десет дена и тоа ќе биде најдолг период на такво нешто во нашата демократска историја, истакна премиерот Педро Санчез.

Вонредната состојба во Шпанија е продолжена до 7 јули, но не е исклучено таа да биде дополнително продолжена ако има потреба.

Поврзани новости