Шпанија е новиот европски шампион во ракомет

by fokus

Шпанија е новиот европски шампион во ракомет, откако во вечерашното финале го порази составот на Шведска со убедливи 29-23.

Швеѓаните доминираа во првото полувреме кое го добија со 14:12, но селекторот Рибера ја промени играта во одбрана по полувремето, а тоа донесе целосен пресврт поддржан од грешките на противникот и одличниот Штербик на голот, кој во игра влезе во финишот од првиот дел.

Селекцијата на Шпанија првпат во своето постоење е европски шампион.

Поврзани новости