Осумдесет и тригодишниот холивудски актер Ал Пачино наводно се сомневал дека детето што го чека неговата девојка Нур Алфала (29) не е негово, па побарал да го потврди татковството со ДНК тест, пишува ТМЗ.
Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој најчесто предизвикува неплодност. Нур, која моментално е бремена во осмиот месец, на крајот направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот за медиумите изјавил дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена.
Двојката е во врска две години, а првпат заедно биле видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.