(ВИДЕО) Бајден падна за време на церемонијата на доделување дипломи на Академијата на воздухопловните сили

by Fokus

Претседателот Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачил последната диплома на церемонијата на дипломирање во Академијата за воздухопловни сили на САД, јавува Ројтерс.

80-годишниот американски претседател брзо се кренал на едно колено со помош на три лица и се вратил на своето место без помош.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека Бајден е добро.

„Имаше вреќа со песок на сцената кога се ракуваше“, објасни тој.

 

 

Поврзани новости