Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европската унија да ги збие редовите во сите области каде што земјите-членки се поделени, од миграциската политика до развојот на заедничката европска одбрана.
-За да го постигне ова, нашата влада ќе даде конкретни предлози во наредните месеци – рече Шолц.
Според него, ЕУ е жива антитеза на империјализмот и автократијата, поради што претставува пречка за владетелите како рускиот претседател Владимир Путин.
-Постојаното неединство, постојаното несогласување меѓу земјите-членки не слабее. Затоа, единството е најважниот одговор на Европа на новото време – рече тој.
Канцеларот повика и на прекин на „себичните блокади на европските одлуки од страна на одделни земји-членки“.
-ЕУ, на пример, едноставно не може да си дозволи национални вета во надворешната политика ако сака да биде сфате на сериозно во светот на конкурентни суперсили – порача Шолц.