629
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.
„Во 90-минутниот телефонски разговор со рускиот претседател, Шолц инсистираше дека треба да се најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Шолц.
Шолц, исто така, побара од Путин „целосно“ да го спроведе договорот за извоз на украински житарки.