Шолц почнува преговори за нова германска влада

by fokus

Лидерот на германските социјалдемократи, Олаф Шолц, објави дека постигнал договор за преземање на функцијата германски канцелар.

Тој рече дека утре почнуваат преговорите со Партијата на зелените и либералите за формирање нова влада.

-Граѓаните ѝ дадоа наредба на СПД да формира влада, а наше е да го сфатиме тоа – нагласи Шолц.

Тој посочи дека  новата влада мора да спроведе економска и индустриска модернизација и да ја интензивира својата борба против климатските промени.

Доколку овие три страни постигнат договор, Германија, по 16 години владеење на Ангела Меркел, повторно ќе добие социјалдемократска влада.

Поврзани новости