336
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека безбедносната рамка на лидерите на Г7 за Украина треба да биде долгорочна поддршка за Киев.
„Тоа е безбедносно партнерство кое е итно потребно и кое ќе им овозможи на земјите-учеснички да го прецизираат својот придонес“, рече Шолц за време на самитот на НАТО во Вилнус, пренесува Ројтерс.
Безбедносната рамка го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија.