Контроверзни прашања од предметот Образование за животни вештини за средно образование се споделуваат денес на социјалните мрежи.
Прашањата се наоѓаат во работните листови за овој предмет, во делот „Индентитети“ и се однесуваат на хетеросексуалноста и нејзино преиспитување.
Објавени се на страната за Бирото за образование, чијшто потпис стои на наставниот материјал.
Прашањата наидоа на голем број реакции на социјалните мрежи.
1.Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?
2. Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка?
3. Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?
4. Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?
5. Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
6. Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
7. Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?
8. Зошто мора насекаде да ја промовирате вашата хетеросексуалност? Нели може само да бидете она што сте без врева?
9. Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?
10. И покрај целата општествена поддршка што се пружа на бракот како институција, стапката на разводи и понатаму расте. Зошто има толку малку стабилни релации меѓу хетеросексуалците?
11. Зошто хетеросексуалците се толку промискуитетни?
12. Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи.
Од Бирото за развој на образование ги демантираат дезинформациите во јавноста за наводно постоење и употреба на учебник којшто го користат учениците во средното образование за реализација на програмата Образование за животни вештини.
„Се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма. Наставната програма е донесена од министерот за образование и наука, а Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година. Наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите“ велат оттаму.