ШОК: Џузепе Роси позитивен на допинг!

by fokus

Италијанскиот фудбалер Џузепе Роси се соочува со големи проблеми во кариерата. Според информациите од Италија, тој е позитивен на антидопинг контролата направена на 12 мај по мечот помеѓу Беневенто и Џенова.

Роси бил позитивен на дорзоламид, органско соединение кое најчесто се наоѓа во капк за очи и лечење глаукома.

Тој веќе ги негираше овие информации, а Канцеларијата за сузбивање допинг веќе побарала едногодишна суспензија за играчот.

Официјалната одлука ќе се соопшти наредниот понеделник во 14 часот.

Поврзани новости