328
Повеќе од 200.000 лица досега одговорија на повикот во рамки на делумната мобилизација и им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој истакна дека обуката на мобилизираните се изведува на 80 полигони и во шест центри за обука.
Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше соопштено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните мобилизациски ресурси на земјата.