444
Бенфика ја одби понудата на Јувентус да го продаде играчот од средниот ред, Жоао Феликс, објавија португалските медиуми.
Според „О Јого“ шампионот на Италија понудил 75 милиони евра, но португалскиот клуб не го прифатил овој износ. Во неговиот договорот откупната клаузула е одрдена на 120 милиони евра.
Претходно, фудбалерот стана најмладиот автор на хет-трик во Лигата на Европа во натпревар со Ајнтрахт (4:2), а исто така постигна еден гол во последниот натпревар од португалскиот шампионат со Виторија Сетубал (4: 2).
Во тековната сезона, 19-годишниот Феликс настапи на 37 натпревари за Бенфика и постигна 16 гола со седум асистенции.
Неговиот договор важи до летото 2023 година.