688
Македонскиот шампион Шкупи загуби од Шамрок вечерва во третото коло од квалификациското коло за Лигата на Европа.
Гостите од Ирска вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје забележаа победа со 2:1.
Стрелци на головите за гостите беа Рори Гафни во 65. и Аидомо Емаку во 85. минута. Конечниот резултат го постави Адетунџи во судиското надополнување.
Ирскиот претставник славеше победа и на првиот дуел на домашен терен пред шест дена со 3:1 и со вкупни 5:1 оди во плејофот во Лигата на Европа.
Фото – Спорт1.мк