Шкотската премиерка Никола Старџен поднесува оставка

by Fokus

Премиерката на Шкотска, Никола Старџен соопшти денеска дека поднесува оставка од функцијата по повеќе од осум години на чело на шкотската Влада.

Таа рече дека функцијата премиер на Шкотска е најдобра во светот и дека ќе ја извршува функцијата додека не биде избран нејзиниот наследник, пренесе Би-Би-Си.

Старџен стана лидер на Шкотската национална партија (СНП) по референдумот во 2014 година на кој 55 отсто од Шкотите гласаа „за“ останување во Обединетото Кралство, а 45 отсто се изјаснија „против“.

Шкотската Влада смета дека околностите се промениле со излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Тогаш 62 отсто од Шкотите се одлучија за останување во Европската унија

Поврзани новости