Владата на Шкотска објави предлог-закон за одржување на втор референдум за независност.
Владејачката партија бара да се одржи втор референдум по завршувањето на пандемијата, но „во текот на првата половина од мандатот на новиот парламент“.
Шкотската национална партија соопшти дека ќе се обиде да го изгласа законот, доколку изборите во мај внесат доволно пратеници во Парламентот кои ја поддржуваат независноста.
Конзервативците, лабуристите и либералдемократите се против и сметаат дека Шкотска треба да се фокусира на закрепнување од здравствената криза наместо да се спори за Уставот.
Предложениот закон го вклучува истото прашање како и на референдумот во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“ Може да се одговори со „Да“ и „Не“. Но, независната изборна комисија ќе ја провери формулацијата на прашањето откако законот ќе биде официјално доставен во Парламентот. За датумот на вториот референдум ќе одлучуваат европратениците.
Шкотланѓаните ја отфрлија независноста на референдумот во 2014 година, но Брегзит и активностите на британската Влада во борбата против коронавирусот ја зголемија поддршката за отцепување, при што повеќето анкети на јавното мислење покажаа дека мнозинството поддржува отцепување од Велика Британија
Изборите во шкотскиот Парламент ќе се одржат во мај 2021 година.