Шекеринска: Собранието да даде зелено светло за измените на Законот за служба во Армијата

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека Собранието ќе даде зелено светло за да се отвори можноста за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра.

– Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија. Се надевам дека час поскоро и Собранието ќе даде зелено светло за да отвориме можност за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра и да ставиме крај на политичката злоупотреба на Армијата, наведе Шекеринска на нејзиниот фејсбук-профил.

Поврзани новости