Шкендија на пенали елиминирана од АИК

by fokus 23:23
23:23

Екипата на Шкендија не успеа да се пласира во плејофот на УЕФА Конференциската лига, откако во третото квалификациско коло е елиминирана од АИК Стокхолм.

Тетовци вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ против шведскиот тим одиграа 1:1 исто како што беше и на првиот меч во Стокхолм.

Во 22. минута капитенот на „црвено-црните“ Ферхан Хасани од пенал донесе водство, АИК изедначи преку Јасин Ајари во 56. минута.

Резултатот остана ист и по двете продолженија од по 15 минути, па се пријде кон удари од 11 метри.

По изведување на пеналите гостите беа поуспешни со 3:2. За македонскиот тим погодија само Стојановски и Цаке, а Дита, Дориев и Хасани не реализираа. 

ФОТО: Фудбалски клуб Шкендија

Поврзани новости