Шкендија ја доби титулата, на прославата беа Џафери, Ахмети и Теута Арифи

by Fokus

Со одигрувањето на натпреварите од последното 33.коло викендот беше заокружена уште една сезона во Првата македонска фудбалска лига. Сосема заслужено нов шампион е Шкендија од Тетово, тимот кој покажа најмногу во текот на целото првенство.

Тетовци знаеја да се израдуваат на трофејот. Се славеше вчера на стадионот по завршување на средбата со Шкупи, а потоа до доцна во ноќта навивачите на тетовските „црвено-црни“ се радуваа на успехот на своите миленици.

Гости на спонзорот на Шкендија, Лазим Дестани, во ложата на тетовскиот стадион беа и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и екс-претседателот на клубот, Абдулменаф Беџети.

Пехарот на шампионите им го додели претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Поврзани новости