Пожар во локомотива која влечела патнички воз на релација Гевгелија-Скопје

by Fokus

Вчера во околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Скопје настанал пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, информираат од МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости