ШК „Алкалоид“ со злато на ЕКК 2016 во Нови Сад

by Fokus

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ триумфираше на престижниот „Европски Клупски Куп 2016“ во Нови Сад, освојувајќи златен медал во исклучително силна конкуренција на европската и светска шаховска елита. Со овој историски триумф, најуспешниот македонски шаховски клуб достојно ја одбележа 40-годишнината од своето постоење.

„Имавме многу тежок меч кој буквално значеше сé или ништо за крајниот резултат на овој елитен шаховски собир. Со максимална приземност, висока концентрација и непоколеблива борбеност успеавме да ремизираме на сите 6 табли, со што за прв пат се закитивме со злато, кое ќе остави длабока трагаво историјата на македонскиот шах“, истакна ВМ Драгољуб Јакимовиќ, капитен на ШК „Алкалоид“.

Европскиот Клупски Куп (ECC, European Club Cup), познат уште и како Куп на шампиони во шах, е најсилното клупско шаховско натпреварување. Сите европски држави се застапени со своите најсилни екипи, засилени со шахисти од целиот свет.

 

Поврзани новости