Треба да се отвори широка дебата помеѓу политичките субјекти, парламентарните партии, па и помеѓу граѓаните, поради тоа што станува збор за процес кој треба да биде инклузивен и не смее да биде злоупотребуван за дневнополитички поени или нешто друго.
Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со прашањето дали ќе иницираат средба со парламентарните политички партии, имајќи ги предвид уставните измени.
-Ако целиот тој процес се отвори биде транспарентен и инклузивен, секој да разговара, да ги изнесеме аргументите на маса – јас сум сериозен оптимист дека навистина може да дојде до затворање на ова прашање и да продолжи патот на Репбулика Северна Макеоднија кон членство во ЕУ. Заради тоа што нема друга алтернатива. Мора да понудиме решение – рече Спасовски.