Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Македонија

by Фокус

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на работите на изградбата на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград во Јелашница најавија дека Србија ќе изгради гасна конекција со Северна Македонија, која ќе чини над 70 милиони евра.

Говорејќи за 500 милиони евра бесповратни средства од ЕУ во инвестиции во инфраструктурата, Фор ден Лајен спомена три проекти – Трансбалканскиот струен коридор од Италија преку Србија до Бугарија, изградбата на нова енергетски ефикасна Универзитетска детска болница и изградба на Гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија.

-Господине претседателе, вие ми објаснивте дека тоа е многу важно, а тоа е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, со што регионот ќе се комплетира. Сето тоа е во нашите проекти – изјави Фон дер Лајен.

Вучиќ на претседателката на Еврокомисијата и пренесе дека за Србија е многу важна оваа интерконекција и дека треба да се изградат околу 70 километри гасовод кон Северна Македонија од српска страна, а земјава да изгради уште 23 километри.

-Јас молам за овој проект, кој комесарот Оливер Вархеји и претседателката на ЕК, Урсула, веќе го прифатиле со Северна Македонија. Многу ни е важно со ова да стартуваме што поскоро, бидејќи денес во Скопје постои гасна електрана и ние и да имаме гас, не можеме директно да одиме со Македонците, туку преку Бугарија, па комплетен реверсен дел да правиме со нив и сето ова ни е многу важно – изјави Вучиќ.

Поврзани новости