Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, денеска си поднесе оставка од функцијата, а остана советник.
Тој за НОВА ТВ ги објаснува причините зошто се повлекува од оваа позиција.
-Оставката ја поднесувам поради неможноста да остварам соработка со градоначалникот. Досега некако комунициравме, последните два месеца не комуницираме воопшто. Мислам дека е најдобро да се повлечам од функцијата и да дојде некој нов претседател на Советот, кој што можеби ќе оствари добра комуникација и соработка со градоначалникот, вели Шиповиќ.
Градоначалникот Андреј Жерновски пак, вели дека чинот на Шиповиќ е зачудувачки, да си поднесе оставка на крајот на мандатот.
-Тој во обрзаложението вели дека поднесува оставка од лични причини, за сега да изјави дека дека е поради лошата соработка со мене. Не е точно дека чекал да го примам во канцеларија, но точно е дека нашата соработка беше нарушена, вели Жерновски.