Десет загинати во експлозија во метрото во Санкт Петербург

by fokus 18:01
18:01

Попладнево се случи експлозија во метрото во Санкт Петербург во Русија во која загинаа десет луѓе, а 12 се повредени, соопштија руските власта.

Властите велат дека се уште е рано да се каже дали станува збор за терористички напад, а претседателот Владимир Путин изјави дека се истражуваат сите можни опции, вклучувајќи несреќен случај, криминален акт или тероризам.

Уште една бомба била најдена на градскиот плоштад, но полицијата ја деактивирала. Досега никој не презеде одговорност.

Поврзани новости