Нова наградна игра на Владата: „Нов кредит во рака – народот нека го враќа“.

by lali

Но сепак, за жал, поради големата заинтересираност на граѓаните за учество во оваа игра, Владата реши да го стесни кругот за партиципирање во неа со воведување на само едно единствено правило: Право на учество ќе имаат само среќните 300 000 невработени лица.

Оние граѓани пак, среќниците, кои ќе вратат најмногу пари од кредитот земен од Владата, таа како награда во период од 6 месеци ќе им овозможи во заводот за вработување да се пријавуваат преку ред и ги избегнат гужвите.

На оваа тема, зборувавме и со еден од граѓаните, кој за наградната игра во радост вели: „Ни се допаѓа оваа наградна игра. Дома ние сме шестчлено семејство со чекање на уште еден најмлад член, благодарение на Владата која не убеди дека со повеќе деца во домот, маката е помала. Доброто во големината на нашето семејство и оваа игра е што во неа можат да учествуваат дури тројца наши членови, јас, жена ми и полнолетниот син.“

Уште еден минувач кој иако не беше запознаен со овој нов проект, безрезевно ни одговори: „Многу сум среќен за идејата за оваа наградна игра, која покрај што ќе и помогнеме на владата да го врати долгот, ние граѓаните, исто така ќе уживаме и во проекетите што таа планира да ги спроведе со намената на парите како што е редовното плаќање на пензии и плати во државниот сектор“.

 

Нас не ни останува ништо друго, освен да им посакаме среќа на учесниците во играта која се планира да трае повеќе од 20 години.