Помина цела недела од едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и лошата глума за наводно решение за криминалната аболиција. Божем го сменија законот за помилување за да му овозможат на Иванов да ги поништи аболициите, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.
-Лицето Ѓорге Иванов можеше, но не поништил ниту една аболиција. Кабинетот на Иванов, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да одговорорат зошто до денеска ниту една аболиција не е поништена? Со ова, уште еднаш се потврди. Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници. Едностраните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се само обичен театар, немаат значење, не функционираат. Целосно поништување на незаконската одлука на Иванов за аболиција мора да има и ќе има. Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара“, додаде Шилегов.