652
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешна прес конференција говореше за неговите противкандидати за претстојните локални избори во октомври.
Тој ја искористи таа прилика да упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ, партија која долго време имаше свои градоначалници во главниот град.
„Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ ги потценува скопјани. Тие креираа девијации и свесни се дека не можат да излезат пред граѓаните со личен кандидат. Зошто Арсовска се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ. Таквата злоупотреба на независните кандидати може да го девастира општеството“, истакна Шилегов.