665
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов преку порака на својот фејсбук профил се прости со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ кој доцна во ноќта почина ненадејно од срцев удар на 66-годишна возраст.
-Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане !!!, напиша Шилегов.