Шилегов за најавените автобуси од Арсовска: Тие нема да сменат ништо!

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Град Скопје кој бара нов мандат, Петре Шилегов на денешна прес-конференција претстави дел од неговите проекти кои вети дека ќе ги оствари доколку добие нов мандат од граѓаните на 31 октомври.

Како што истакна тој, сообраќајот низ Центар ќе се намали значително и акцент ќе се стави на пешачките и велосипедските зони.

„Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона од сите градови. До 2024 е планиран рапид транспорт. Ние за четири години значително го намаливме загадувањето и ќе продолжиме со исто темпо. Тешката индустрија ќе ја преселиме надвор од градот. Тоа е сложен процес, но мора да го започнеме. Што се однесува до нови автобуси, тие нема да сменат ништо“, вели Шилегов.

Поврзани новости