Шилегов за „крвавиот четврток“: Дива орда изврши напад врз уставниот поредок

by Фокус

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој беше пратеник во период кога пред четири години се случи упадот во Собранието, смета дека оправдано е делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое се гонеа инволвирани во настаните од „крвавиот четврток“.

-Нивните кривични дела, на осудените, се поврзани со напад врз уставниот поредок. Тоа беше дива орда од 200 до 300 луѓе кои трчаат кон вас со крв во очите. Шекеринска беше удрена по глава со статив од 12 килограми. Насилство како кривично дело е кога имате конфликт на луѓе со напад врз човечкиот интегритет, но кога нападот е со упад во државна институција, во парламент, тоа не само насилство, туку здружување заради напад на уставен поредок – рече Шилегов на Канал 5.

Поврзани новости