Рама по изборната победа: Ова е историски рекорд, ќе работам на обединување

by Фокус

Ова е историски рекорд на овој голем тим на изворедни луѓе со извонредна сила и амбиции за Албанија и сила каква што нема друга во оваа земја, изјави албанскиот премиер Еди Рама, по победата на неговата Социјалистичка партија на парламентaрните избори.

-Ова е најтешката, најголемата и најубавата победа на Социјалистичката партија. Ова е историски рекорд на оваа голема екипа со извонредна моќ и амбиции за Албанија и сила каква што нема во оваа земја. Честитки со сето мое срце и голема прегратка до сите вас овде и насекаде, јас сум горд денеска како никогаш порано за вас, за секоја личност која се залагаше во кампањата и го даде најдоброто за нашиот тим, актуелни шампиони, повторно шампиони – порача Рама.

Тој упати отворена покана до Демократската партија за соработка, велејќи дека третиот мандат ќе го посвети на обединување, а не на кавги.

Поврзани новости