Шилегов: Возачот на опожарениот автобус навремено ги евакуирал патниците

by Фокус

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку фејсбук извести дека нема ниту еден повреден патник откако автобус на ЈСП се запали во населбата Ѓорче Петров.

„Возачот Ивица Петрушевски навремено ги евакуирал сите патници и започнал да го гаси пожарот со ПП апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат. Почит за возачот и пожарникарите“, напиша Шилегов.

Тој објави видеа од опожарениот автобус, како и од интервенцијата од страна на противпожарните екипи.

Поврзани новости