Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за поплавите, обидувајќи се да избегне одговорност за ужасните последици од невремето.
-Раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат. Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе – изјави Шилегов.
Надзорната расправа денеска никако можеше да започне со сослушување на сведоците, бидејќи пратениците цел ден си држат лекции едни на други како треба да се одвива сослушувањето.
Власта и опозицијата имаат различни гледишта за времетраењето за испрашување еден сведок. Пауза побара ВМРО-ДПМНЕ, па ДУИ, а СДСМ ја обвини власта дека бега од одговорност за поплавите.
Инаку, расправата е по барање на пратениците на СДСМ во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според планираното, треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година.