Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години. Повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат секојдневно бесплатно да ја користат јавниот превоз. На овој начин, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија, најави секашниот и кандидат за иден градоначалник Петре Шилегов.
Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, што ќе вратат и голем број на помлади патници.
– Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, вели Шилегов.