-Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска, демократска Македонија – порача денеска носител на кандидатската листа на СДСМ, Петре Шилегов, откако Управниот суд вчера ја прифати нивната тужба и едногласно одлучи да има прегласување.
-Македонија извојува победа над режимот. Над шестотини илјади граѓани на Република Македонија одбраа живот. Го одбраа заедништвото наспроти политиките на раздор со кои што владееше режимот на Никола Груевски. Во изминатиов период видовме што значи раздорот, а што значи нашето заедништво- порача Шилегов.
Прегласувањето во Теарце е важно затоа што може да направи пресврт во изборните резултати. Во спорното гласачко место, каде ќе се прегласува во недела, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ била само четири гласа на денот на изборите. На ниво на шеста изборна единица пак, разликата меѓу двете партии е само 307 гласа. Прегласувањето во недела може да направи прераспределба на мандатите, па наместо 51 за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ, да биде нерешено 50:50.
Tокм затоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Греувски недвосмислено порача дека доколку Управнот суд одлучи да има прегласување, тој нема да учествува и нема да ги прифати тие резултати.