Малолетниците навлечени на дијазепами и коцкање

by fokus

Дијазепами, казина и обложувалници стануваат главно „хоби” на малолетниците, алармира Институтот за јавно здравје. Нивните анализи покажуваат загрижувачки проценти на ученици кои се навлечени на дрога, но и на седативи кои ги набавуваат на црно.

Скоро 12 отсто од испитаниците истакнале дека користат лекови за смирување препишани од доктор, а 11 отсто користеле без рецепт. Пет отсто рекле дека користеле марихуана, а екстази пробале 2,1 отсто.

– Бројот на ученици кои користеле други видови дроги во животот се движи од 0,6 отсто за магични печурки и анаболитички стероиди, 0,9 отсто користеле ЛСД, а исто толку и хероин – вели доктор Силвана Ончева.

Алкохолот и цигарите пак, веќе не се сметаат за порок меѓу малолетниците , а лесно си купуваат без некој да им побара лична карта. Обложувањето е исто така секојдневие за младите, кои не поминуваат ни ден без да уплатат барем ливче во кладилница.

 

Поврзани новости