Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска на прес конференција обелодени дека семејството на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, е тесно поврзано со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, беше претседател на Пописна комисија во пописот што не се спроведе. Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.
Тој додаде и дека ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето.