437
Министерот за финансии Зоран Ставрески веќе го реализирал замисленото и го купил посакуваниот стан, по што на ред дошло уредувањето на ентериерот.
Ова го изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој денеска во кампот пред владата ја објавува 36-тата „бомба“ против власта.
– Кожни гарнитури, квалитетни врати, плочки, паркет, тераси од фантазии е тема на разговор меѓу министерката Гордана Јанкулоска и сопругата на Ставрески, Антоанета Ставреска – рече Шилегов.
Тој додаде дека станот на Ставрески во истата зграда каде два стана има и Јанкулоска се води на име на неговиот прв братучед Владимир Ефтимовски.