Шилегов: Стационарот „Лајка“ е готов, отворање после избори

by Фокус

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави фотографии од новиот стационар за вдомување кучиња скитници со кој ќе раководи новото ЈП „Лајка“.

Тој најавува дека прифатилиштето ќе биде отворено веднаш по одржувањето на предвремените парламентарни избори.

„Отворање после избори, Скопје нема да застане“, напиша Шилегов на фејсбук.

Стационарот „Лајка“ во споредба со „Вардариште“ ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација.

Дополнително максимално е искористен и надворешниот дел од објектот и ќе има 60 нови боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.

Поврзани новости