Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил ги објави теренските возила кои сега се користат за потребите на депонијата Дрисла и објави фотографии од службеното возило што го користел поранешниот директор на депонијата, а го користи и сегашниот.
Оваа негова објава следува откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Петре Шилегов и директорот на депонијата Дрисла, Коста Начевски дека среде криза планираат да купуваат три нови џипови.
Шилегов вели дека ќе набават три теренски возила за редовно работење.
1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.
2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење.
3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.
Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и евтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе, напиша Шилегов.