По повеќе од два и пол месеца, администрацијата се врати на работа

by Frosina Fakova

Вработените во јавната администрација од денеска работните задачи ги извршуваат од своите работни места, соопшти министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

-Секој вработен задолжително да носи лична заштитна опрема на лицето (маска) за време на извршување на работните задачи на работното место. Да се одржува минимум физичкото растојание и контакт помеѓу вработените лица. Да се избегнуваат групирања и собирања. Да се настојува комуникацијата да биде телефонски (локали/мобилни телефони). Редовно да се одржува личната хигиена и хигиената во работните простории. Службените интерни состаноци да се одржуваат преку алтернативен начин (интернет апликации за комуникација). Исто така, во сила е и веќе усвоениот протокол за одржување на работни состаноци, напиша Манчевски на Фејсбук.

Мерката за ослободување од работа продолжува да важи за хронично болните лица, бремените жени, родителите на дете до 10-годишна возраст, самохраните родители и неколку други категории. Административците не одеа на работа повеќе од два и пол месеца и иако се најавуваше нивно кратење на платите, тие останаа да земаат цела плата за овие неколку месеци.

 

Поврзани новости