819
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги повика луѓето кои не излегле да гласаат во прв круг, да го сторат тоа во вториот круг, за како што рече, масовна победа на овие избори.
„Скопје тргна напред. Верувам дека граѓаните ја препознаат визијата и храброста. Само заеднички може да го продолжиме ова што го започнавме. На Скопје му треба сила која обединува. Скопје ќе расте во единствена коалиција, а јас како градоначалник ќе бидам еден од вас во носењето на одлуките. Сите кои го имате Скопје во срцето, излезете на избори за победа. Ако во првиот круг не гласавте, на 31 октомври масовно излезете да гласате“, порача Шилегов.